11. 02. 2018 12:19

Автомобил удри во пешак, повредениот пренесен во Скопје

Автомобил удри во пешак, повредениот пренесен во Скопје

Едно лице е повредено во сообраќаја несреќа што вчера попладне во 18 часот, се случила на локалниот пат с. Режановце кон регионалниот пат Куманово – Липково.

 Т.Р. (22) од Куманово, управувајќи патничко возило „Рено“ со кумановски регистарски ознаки, удрил во пешакот С.А. (48) од Куманово.

По незгодата Т.Р. со своето возило го пренел С.А. во болницата во Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Поради сериозноста на повредите, С.А. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.