Euro Colleague
Bucen Kozjak
09. 08. 2017 12:12

„Бегалци и книги„ на Градскиот плоштад во Куманово

„Бегалци и книги„ на Градскиот плоштад во Куманово

На Градскиот плоштад во Куманово, вечерва од 17 до 20 ќе се одржи проектот „Бегалци и книги“, кој го организира Центар за интеркултурен дијалог со своите волонтери.

Посетителите можат да проследат изложба на фотографии на деца од бегалскиот камп на Табановце, да донирате книги на арапски или англиски јазик (книги на останатите јазици се исто така добредојдени), да ги споделите вашите мислења за бегалската криза и да ја испратите вашата порака до јавноста, - соопштуваат од ЦИД.

Активноста е дел од проектот Волонтирање за вклученост и толеранција, дел од програмата Еразмус + и е поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилности, а финансиран од Европската комисија.