07. 02. 2018 09:27

Чешка ќе даде пари за изградба на тоалети во училиштето во Клечовце

Чешка ќе даде пари за изградба на тоалети во училиштето во Клечовце

 Амбасадата на Република Чешка во Македонија ќе обезбеди средства за изградба на тоалети во основното училиште „Вера Которка“ во селото Клечовце.

Ова го објави градоначалникот Максим Димитриевски, по вчерашната средба со чешкиот амбасадор Мирослав Томан на Куманово.

 „Разговаравме на повеќе теми, од кои едната беше конкретно реализација на проектот кој што ќе се одвива во основното училиште во село Клечовце. Чешката амбасада ќе донира средства за изградба на тоалети во самото училиште“- изјави Димитриевски.

Амбасадорот ја посетил и спортската сала „Соколана“ и се заинтересирал да помогне во нејзино реновирање и ставање во функција.

„Се надевам дека во иднина со заеднички сили ќе најдеме решенија за реализација на дополнителни проекти. Добивме морална подршка овој објект да го ставиме во функција на граѓаните“, рече Димитриевски.

Амбасадор Мирослав Томан на функцијата е четири месеци и ова е негова прва официјална посета на една општина во Македонија.

Чешка ќе даде пари за изградба на тоалети во училиштето во Клечовце