Euro Colleague
Bucen Kozjak
08. 09. 2017 11:37

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на државноста

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на државноста

Општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ на сите граѓани им го честита Денот на независноста на Република Македонија.

„На 8 Септември 1991 година, македонските граѓани храбро и одлучно го остварија вековниот сон на нашите предци за слободна, независна и суверена Република Македонија. Денес сме единствени во намерата, свои на своето, горди што успеавме да ја изградиме Македонија како демократска држава во која владее правото. Нашата татковина чекори кон  остварување на европската и евроатлантската иднина, отворена кон светот, меѓународно призната и почитувана, - стои во честитката на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.