Euro Colleague
Bucen Kozjak
04. 09. 2017 18:08

Четворица повредени во сообраќајка кај Ругинце

Четворица повредени во сообраќајка кај Ругинце

Четири лица се повредени во тешка сообраќајна насреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка.

Сообраќајката била се случила вчера во 10 часот, во селото Ругинце во м.в. „Чешмиче“, при судир на патничко возило „Рено Меган“ со кривопаланечки регистарски ознаки, сопственост на приватна здравствена установа од Крива Паланка, управувано од И.С.(52) од Крива Паланка и патничко возило „Тојота Рав-4“ со косовска национална ознака, управувано од Ш.С.(52) од Косово.

По незгодата, И.С. и Ш.С., како и сопатниците од патничкото возило „Рено Меган“, С.С. (46) и А.С. (19) двете од Крива Паланка, со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар Куманово.

Кај И.С. и С.С. биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај А.С. биле констатирана телесни повреди. По укажаната лекарска помош, сите тројца, поради карактерот на повредите биле упатени во Ургентен центар Скопје.

Кај Ш.С. биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

На истото место минатата недела загина 26-годишен возач од Куманово, откако со возилото слетал од патот.

Возачите велат дека се работи за црна точка на патот и често доаѓа до сообраќајни несреќи поради лизгавиот коловоз и неприлагодената брзина на патот.

                                                      (фото архива)