Euro Colleague
Bucen Kozjak
25. 12. 2009 16:51

Чевларите го слават СВ. Спиридон

Чевларите го слават СВ. Спиридон

Со повеќе свечености денеска сопствениците и работниците во чевларската индустрија го прославија празникот СВ. Спиридон. Во повеќето ресторани и кафеани во градот, прославата започна предпладне, а ќе продолжи и вечерва.

За нас ова е посебен ден, затоа сакаме да го прославиме заштитникот на чевларската професија што повесело. Оваа година беше потешка во однос на предходната, бидејќи економската криза си го направи своето и имавме помалку работа за речиси за 50 насто, но се надеваме дека догодина ќе биде подобро - сметаат чевларите.

Особено весело беше прославувањето на празникот во ресторанот „Ексклузив“ каде присуствуваа работници од неколку погони за производство за чевли.

И.И.

Чевларите го слават СВ. Спиридон