Bucen Kozjak
16. 02. 2010 13:11

Чистота ќе го плаќа заостанатиот данок на рати

Чистота ќе го плаќа заостанатиот данок на рати

ЈП „Чистота и Зеленило“ по основ на ДДВ и данок на добивка на Управата за јавни приходи и должи околу 50 милиони денари и ќе ја искористи владината мерка да го отплати долгот на рати.

Долгот ќе го исплаќаме 10 години на 120 еднакви рати, со тоа што имаме грејс период од 36 месеци. Камата на долгот во висина од околу 25 милиони денари ќе биде отпишана кога ќе се исплати целокупниот долг. Со оваа можност се создаваат услови претпријатието да излезе од повеќегодишната агонија со заостанатите даноци и ќе може финансиски да зајакнеме - вели директорот Сашо Петрушевски.

  Обврските од договорот мораат стриктно да се почитуваат и не смее да има прекин во плаќањето.

Доколку се задоцни само со една рата, долгот се враќа како основен долг. Затоа претпријатијата мора строго да се придржуваат на понудените правила во договорот и редовно да ги плаќаат ратите  за да имаат ефект од предвидената мерка - појаснува Петрушевски.

Државните и општинските јавни препријатија кои своите даночни долгови сакаат да ги отплаќаат на рати, до петок треба да поднесат барање до Управата за јавни приходи. Ова се однесува на сите даночни долгови до 31.12.2009 година.

Во Куманово  од јавните претпријатија само  „Чистота и Зеленило„ се соочува со таков проблем

Чистота ќе го плаќа заостанатиот данок на рати