Bucen Kozjak
24. 11. 2017 09:31

Да помогнеме Марина да го спаси видот

Да помогнеме Марина да го спаси видот

 Пред неколку месеци, на девојката и била дијагностицирана ретка болест на очите, којашто може да доведе до целосно губење на видот.

На Марина Јовановска(24) и е потребна итна помош. Пред неколку месеци, на девојката и била дијагностицирана ретка болест на очите (degeneration of macula and posterior pole), којашто може да доведе до целосно губење на видот. Болеста го напаѓа видот и пополека доведува до слепило доколку не се третира на време.

Состојбата на едното око кај Марина веќе е доста влошена со над 95 % оштетеност, со можност да се прошири и на другото око. Лекувањето мора да се врши во странство. Марина веќе еднаш, со помош на хуманите луѓе, беше на третмани во Берлин, кои се покажаа како доста успешни, но мора да продолжат во континуитет.

Потребни се средства за вториот третман и за второ лекување во Германија и мора брзо да се реагира. Да и помогнеме на Марина да го зачува својот вид и да не дозволиме болеста да се прошири.  Да собереме 10 000 евра, за младата девојка што побрзо да замине на третмани и да го спаси окото.

Донирајте на следните телефони:

T mobile 070/071/072 143 191

Vip/One 075/076/077/078 143 467

Или пак на жиро сметка 300007100530695, Комерцијална Банка со назнака- За Марина Јовановска.