Euro Colleague
Bucen Kozjak
12. 09. 2017 14:40

Да се постави атмосферска канализација на влезот во градот, бара ВМРО-ДПМНЕ

Да се постави атмосферска канализација на влезот во градот, бара ВМРО-ДПМНЕ

На влезот на Куманово, зад бензинската станица на МАКПЕТРОЛ, синоќешниот дожд создаде вештачко езеро од кое граѓаните не можат да поминат.

ВМРО-ДПМНЕ бара локалната самоуправа да постави атмосферска канализација во тој дел на градот.

„Срамно е за град како Куманово во 21 век граѓаните секојдневно да се среќаваат со ваков голем проблем. Влезот на градот е приоритет за секоја општина, но за жал не и за општина Куманово. Влезот на градот треба да биде огледало на градот и да биде убаво уреден, со цел да остави  впечатлива слика кај туристите“,-соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.