Bucen Kozjak
10. 01. 2017 17:49

Дамјановски:Договорот за зимско одржување на улиците е потпишан во декември

Дамјановски:Договорот за зимско одржување на улиците е потпишан во декември

Градоначалникот Зоран Дамјановски ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека договорот за зимско одржување на улиците во општина Куманово е потпишан на 5 јануари годинава, и тврди дека тоа го сториле на 23 декември минатата година, со задоцнување од 90 дена, затоа што толку чекале согласност од Бирото за јавни набавки, а не поради тоа што тие не биле подготвени.

„ Договорите се потпишани онака како што предвидува Законот за јавни набавки. Три месеца чекавме согласност, но не го оставивме градот без зимско одржување и во тој вакум простор. Договорот со фирмата за источната зона изнесува 11.846.370.00 и за западна зона 13.710.000 без ДДВ. Предвидената сума е за двегодишно зимско одржување на улиците од декември 2016 до декември 2018 година. Дали предвидениот буџет ќе се искористи или не, зависи од временските услови и колку овие две фирми ќе бидат ангажирани, - изјави Дамјановски.

 Тој појаснува дека досега на фирмите не им се уплатени никави средства како што се шпекулира во јавноста, туку фактурирањето ќе се изврши на крајот на секој месец врз основа да извршените услуги.  Фирмите обезбедиле 250 тона сол, кои се користат за зимското одржување на улиците.

Градоначалникот вели дека на терен работат 12 машини, кои ги расчистувањат улиците и патиштата во општината.

Тој ги повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ да не шират навистинаи и да не прават политички маркетинг со чистењето на снегот пред престојните локални избори.

Дамјановски:Договорот за зимско одржување на улиците е потпишан во декември



Nace Budjoni
Ghetaldus
Tv Plus
Zafir Sajto
Zafir Sajto
Level
Parking
Kvatro
NER
Srecni praznici
stuz
Bravo