Bucen Kozjak
18. 04. 2017 16:27

Дамјановски: Нема официјална информација за царински прекршок на Петрушевски

Дамјановски: Нема официјална информација за царински прекршок на Петрушевски

Градоначалникот Зоран Дамјановски вели дека нема официјална информација за обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, дека членот на извршниот одбор на СДСМ бил фатен на граничниот премин Прешево од српските царински службеници, со поголена сум на пари. 

„Случката на нас не ни е позната, бидејќи уште нема никакви официјална информации од министерството, ниту од царинските служби за царински прекршок на Виктор Петрушевски. Инсинуации и невистини се наводите  за трансфери на пари за СОРОС, кои никогаш не постоеле ниту ќе постојат во општина Куманово. Ова само е пресија на локалната самоуправа и изнаоѓање на алиби за она што се случува во државата,  – изјави Дамјановски.

 Градоначалникот тврди дека локалната самоуправа во Куманово во последните два месеци е под силен притисок на власта од разни причини и по разни основи, но со единствена цел да се создаде хаос, бидејќи не може да се соочи со поразот кој го доживеала на парламентарните избори. Поради тоа, според Дамјановски, се создавале афери, почнувајќи од директорот на гимназијата Димитриевиќ, преку претседателот на општинската организација на СДСМ Мартин Костовски, пратеникот Максим Димитриевски, а кулминација на притисокот се наводите со Виктор Петрушевски, иако во сите случаи се работело за индивидуални постапки.  

Тој ги праша членовите на ВМРО-ДПМНЕ, зошто досега не пројавиле интерес и не ги прашале луѓето од нивното раководство дали се точни трансферите на пари: 800.000 евра во шише, 1,5 милон евра во Молдавија, 3 милиони евра „Актор“, 5 отсто провизија за кинеските изведувачи, уривањето на стамбени објекти, снимките „Халкидики“, политички затвореници и други афери кои биле обелоденети во прислушкуваните разговори.