Euro Colleague
Bucen Kozjak
16. 06. 2017 12:03

Дaмо Сузуки од групата „Кен“ со концерт во Куманово

Дaмо Сузуки од групата „Кен“ со концерт во Куманово

Дамо Сузуки, некогашниот пејач на познатата германска група „Кен“, утре вечер ќе одржи целовечерен концерт во Куманово. 

Концертот ќе се одржи во  Домот на културата „Трајко Прокопиев“. Влезот е бесплатен.

Дамо Сузуки по вторпат доаѓа  во Македонија, кога пред десет години имаше клупска свирка во Скопје, во клубот „Мала станица“. 

На концертот во Куманово гости ќе бидат  домашните музичари Горан Трајковски, Сашо Спасовски на гитара и Небојша Митиќ на тапани.

Дамо Сузуки е роден во Јапонија, а живее и работи во Германија. Познат е како вокалист на култниот експериментален рок-состав „Кен“ од германската рок-генерација, која направи револуционерен чекор на светската музичка сцена.