Euro Colleague
Bucen Kozjak
18. 05. 2017 20:45

Дел од Куманово утре изутрина без струја

Дел од Куманово утре изутрина без струја

Поради реконструкција на дел од дистрибутивната мрежа во Куманово, утре изутрина од 7 до 9 часот, без струја ќе остане голем дел од градот и приградските населби.

Како што информираат од компанијата, со цел реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија ЕВН Македонија ќе изведува планирани градежни активности и оперативни зафати во ТС Куманово 1.

„Поради ови активности  утре (19 мај 2017г) во периодот од  7 до 9 часот, без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците во централното градско подрачје и околните населби, целиот регион околу Старо Нагоричане, индустрискиот дел во Доброшане и населбата Карпош во Куманово. По завршувањето на планираните работи ќе биде нормализирано снабдувањето со електрична енергија во овој регион,-соопштуваат од ЕВН Македонија.