Bucen Kozjak
12. 10. 2017 17:01

ДИК го достави доверливиот изборен материјал во ОИК Куманово

ДИК го достави доверливиот изборен материјал во ОИК Куманово

Во општинскaта изборна комисика (ОИК) во Куманово,  денеска пристигна доверливиот изборен материјал за локалните избори закажани за во недела.

„Утринава пристигна целокупниот доверлив матерјал. Комисијата во полн состав го прими и го прегледа во целост, и констатираше дека нема никакви проблеми. Имаше една мала техничка забелешка која беше отстранета. Сега матерјалот го пакуваме во кутии, за да биде готов до сабота кога ќе гласаат болните и изнемоштени лица во домашни услови„, - изјави Ѕвонко Николовски, претседател на ОИК Куманово.

Согласно изборниот роковник, ДИК изборниот материјал го предава на ОИК најдоцна во рок од 72 часа пред денот определен за одржување на изборите, а ОИК е должна еден ден пред денот определен за одржување на изборите да го предаде изборниот материјал наизбирачките одбори.

Шестите локални избори во Македонија ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје. Кампањата за првиот изборен круг ќе заврши утре во 24 часот.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот.

ДИК го достави доверливиот изборен материјал во ОИК Куманово