Euro Colleague
Bucen Kozjak
18. 10. 2017 15:18

ДИК: СДСМ 16, ВМРO-ДПМНЕ 11 советници во Советот на општина Куманово

ДИК: СДСМ 16, ВМРO-ДПМНЕ 11 советници во Советот на општина Куманово

Државната изборна комисија(ДИК) излезе со официјална информација за освоени места во Советот на Општината Куманово.

Според објавените резултати на веб-страна на ДИК, коалицијата на СДСМ освои 16 советнички места, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 11, ДУИ 3 советници , БЕСА 2  и Алијансата на Албанците 1 советник.  

Советници од коалицијата на СДСМ се: Атина Мургашанска, Томица Илиќ, Благојче Јаќимовиќ – НСДП, Ивица Костовски – ЛДПСоња Тодоровска, Владимир Павловски, Милена Строимановска, Самет Салиевски, Хана Џемаили, Миле Андоновски – ПП, Ненад Ѓорѓевиќ - ССМ, Александра Андоновска, Сашо Милковски – АПМ, Ивана Николиќ, Ана Ангеловска и Саша Арсиќ.

Новите членови во Советот на Општина Куманово од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ се: Драган Петковски, Емилија Трајковска, Борислав Додевски – СПМ, Саша Николиќ-ДПСМ, Анета Шандева Доневска, Зоран Петрушевски- ГРОМ, Невена Величковска, Мирослав Тричковиќ-ДПСМ, Срѓан Рашити-СРМ, Марија Цакиќ-ГРОМ и Александра Тасиќ-ДПСМ.

Kај албанските партии нови советници се: Фатмир Идризи, Фериз Дервиши и Адељина Адеми од ДУИ, Наиље Османи и Фљурим Имери од Беса и Осама Муадини од Алијансата на Албанците.