Bucen Kozjak
13. 10. 2017 16:23

Димитриевски побара поддршка за модерно и урбано Куманово

Димитриевски побара поддршка за модерно и урбано Куманово

Кандидатот за градоначалник од коалицијата на СДСМ Максим Димитриевски денеска денеска побара подрка од граѓаните на Куманово, за да ги реализира проектите: цевковод Куманово-Липково, доизградба на гасификациска инфраструктура, катни гаражи и пешачки зони за решавање на сообраќајниот метеж.

„Со овие проекти Куманово ќе добие нови 500 литри вода во секунда, ќе се реши прашањето со сообраќајниот метеж во градот, ќе се дислоцира старата и ќе се изгради модерна депонија и фабрика за преработка на отпад. Децата кои сега се на листа на чекање ќе имаат можност да се запишат во нови градинки“, -рече Димитриевски на прес-конференција.

Тој најави реконструкција на градскиот плоштад, изградба на подземна улица, постигнување енергергетска ефикасност и осветлување во Куманово, целосна реконструкција на речните корита на реките во градот. Со изградбата на младинскиот центар, како што рече, ќе се даде можност младите да творат, а со отварањето на мултиетничките дневни центри децата од најрана возраст да се поврзат.

„ Ја бараме поддршката од вас во следниот период, да го трансформираме Куманово во модерен и урбан град, град со визија, со просперитет, град кој ќе даде нови можности за сите„,- рече Димитриевски.

Toj нагласи дека е неопходна реконструкцијата на постоечките училишта, нови зелени површини и спортски терени, реконструкција на Спомен-костурницата… Потенцира дека на градскиот плоштад веќе нема да има тенди, а сообраќајниот метеж, како што рече, ќе се реши со одговорно однесување на секој граѓанин, но нема да има казни, туку опомени.

„Тргнувајќи од мене па до секој граѓанин кој ќе биде еднаков со мене, мораме да ги почитуваме правилата во градот. До крајот на мадатот во централното градско подрачје ќе никне чешма на кумановски олимпијци, да биде мотив за сите спортисти во Куманово.За две години достоинствено да прославиме 500 години од Куманово, во едно модерно, урбано, чисто Куманово“, -заврши Максимовски.