Bucen Kozjak
09. 01. 2018 12:57

Дизелот поскап за еден, суперот за половина денар по литар

Дизелот поскап за еден, суперот за половина денар по литар

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за еден денар по литар, а цената на „еуросупер БС-98“ и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Малопродажната цена на бензинот „еуросупетр БС-95“ останува 66,5 денари за литар, „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 68,5, „еуродизел (Д-Е V)“  за 59,5, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 48 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,764 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 29,367 денари.

Како причина за зголемувањето на цените на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 3,81 отсто повисоката просечна цена на сурвата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,54 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.