Euro Colleague
Bucen Kozjak
08. 08. 2017 13:30

До петок многу топло време

До петок многу топло време

 До петок ќе се задржи претежно сончево и многу топло време. Денес и утре во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен дожд со грмежи, особено во јужните делови. УВ индексот и понатаму ќе биде многу висок со вредност 9.

Според прогнозираните температури во наредните денови целава земја ќе биде во портокалова фаза во однос на опасноста од високи температури.

Во сабота во текот на денот ќе има зголемување на облачноста и ќе дува засилен југозападен ветер, но дневната температура се уште ќе биде висока. Преку ноќта кон недела се очекуваат врнежи од дожд проследени со ретки грмежи. Во недела ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали и се очекува да достигне од 25 до 32 степена.