Euro Colleague
Bucen Kozjak
13. 11. 2017 10:05

Двајца повредени при експлозија на плинска боца

Двајца повредени при експлозија на плинска боца

Двајца кумановци се повредени откако поради невнимание при замена на цевка за плин, на патничко возило дошло до експлозија.

Според полицијата, несреќата се случила завчера во 21 часот во гража на ул .„Никола Тесла“. Повредените Т. М и А. Ц. (34) од Куманово, додека биле во каналот и работеле на возилото дошло до експлозијата, при двајцата се здобиле со изгореници од втор степен во пределот на рацете и лицето, а опожарена била и гаражата.

Со возило на итната медицинска помош повредените биле пренесени во Кумановската болница, а пожарот бил изгаснат од противпожарната единица во Куманово.

Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Куманово.