Euro Colleague
Bucen Kozjak
12. 07. 2017 16:48

Двајца повредени во сообраќајка на патот кон Пелинце

Двајца повредени во сообраќајка на патот кон Пелинце

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово-граничен премин Пелинце, кога автомобилот слетал од патот.

 Сообраќајката се случила завчера во 4.10 часот по полноќ, кога Д.Д.(30) од Куманово, управувајќи патничко моторно возило “Југо Скала“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола на управување над возилото и слетал од левата страна надвор од коловозот.

Во незгодата, Д.Д. и сопатникот М.М.(31) од Скопје, со возило на итна медицинска помош биле пренесени во Општа болница Куманово, каде кај М.М. биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај Д.Д, карактерот на повредите дополнително ќе бидат утврдени. Повредените лица се задржани на понатамошно лекување.