Bucen Kozjak
11. 01. 2017 14:54

Евакуирани стари луѓе од Јачинце, пренесено дете во болница

Евакуирани стари луѓе од Јачинце, пренесено дете во болница

Во текот на вчерашното деноноќие екипите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Општинскиот кризен штаб од Куманово(ОКШК) интервенирале во два случаи за спасување на лица заглавени во снег, во селото Горно и Долно Јачинце и на патот Војник-Куманово.

Во првата акција евакуирани се четири стари болни лица  од Јачинце, а обезбедена е храна, лекови и храна за добитокот во домакинствата.

Синоќа во 23.10 часот било пријавено дека во селото Војник заглавено е возило во навев со снег на  патот Војник-Бајловски пут, додека првезувало болно  дете.

Веднаш била известена Брза помош, која излегла на терен и го пренела болното дете во Општата болница Куманово, а била известена и полицијата за помош при извлекување на возилото.