Bucen Kozjak
13. 10. 2017 08:29

Герила акција на Левица: Црвено платно на зградатa на Кристал

Герила акција на Левица: Црвено платно на зградатa на Кристал

 Со герила акција, црвено платно долго 10 метри и натпис „ПРОМЕНА 16“ поставено на запуштената зграда на Хотел Кристал, партијата Левица го одбележа 11 Октомври, Денот на народното востание во Македонија, кога започна борбата за националното, но и економско ослободување на народот во Македонија.

Според објаснувањето од партијата герилската акција имале за цел да укаже дека во Македонија единствен современ идеолошки следбеник на таа револуција е партијата Левица, која целосно ја прифаќа дводимензионалноста на НОВ – борбата за национално ослободување, но и борбата за социјализам и да се покаже колку „пазарната екпномија“ е ефикасна во управувањето на стопанските капацитети на локално ниво.

„Имено, во изминатите 30 години, новото економско уредување не само што доведе до крах на сите поголеми економски капацитети, туку истите ги остави на забот на времето и ги претвори во извори на зарази и болести. Зградата во која беше спроведена герилската акција е класичен пример за ова, тоа е зградата на поранешниот Хотел Кристал, која, откако престана да функционира како хотел, се претвори во руина и тажен споменик на минатото. Изборната програма на Левица се зафаќа токму со тоа прашање – решавање на статусот на овие пропаднати компании и нивно реактивирање кон вршење општокорисна функција“, - соопштуваат од Левица.