Euro Colleague
Bucen Kozjak
11. 11. 2017 11:34

Голем концерт на градскиот плоштад за Денот на Куманово

Голем концерт на градскиот плоштад за Денот на Куманово

По повод  Денот на ослободување на Куманово-11 Ноември, синоќа на градскиот плоштад се одржа традиционалниот концерт.

Настапаија групата Нокаут, Бени Шаќири и Нон Стоп, како и кумановските музичари Мартинијан Кириловски, Ивона Јовановиќ, Марио Арангеловски и Мартија Станојковиќ. Пред присутните кумановци се обрати градоначалникот на општината, Максим Димитриевски.

 „Ви го честитам празникот, ви посакувам успех и просперитет. Достоинствено, модерно и урбано Куманово, такво ќе го направиме, затоа во мое име и во име на сите вас најпрвин сакам да ги поздравам братските и пријателските делегации кои вечерва со нас“,- рече во своето обраќање Димитриевски.

По концертот следуваше спектакуларен огномет.

Денеска, во чест на празникот, на Спомен костурницата, цвеќе ќе положат бројни делегации од Куманово, од збратимените градови, а напладне ќе се одржи свечена седница.