Bucen Kozjak
07. 08. 2017 15:58

Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ

Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ

Од ноќеска на полноќ за еден денар по литар поскапуваат бензините и дизелот, а за  1,5 денари за литар се зголемува малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 62 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 63,5 денари за литар, а Еуродизел (Д-Е V) за 48 денари за литар.

За 1,5 денари за литар се зголемува малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе изнесува 37 денари за литар, додека мазутот М-1 НС поскапува за 0,516 денари за килограм и ќе чини 24,197 денари.

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,58, односно 2,28 отсто.