Bucen Kozjak
18. 04. 2017 14:30

Горивата поскапуваат за 2,5 и 2 денари

Горивата поскапуваат за 2,5 и 2 денари

Ноќеска на полноќ поскапуваат горивата.

 Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) одлучи бензините да поскапат за 2,5 денари, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за два денара по литар.

Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 67,5 денари за литар, а Еурсупер БС 98 ќе се продава за 69,5 денари.

Новата цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе изнесува 52,5 денари за литар, а за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 41 денар. Мазутот М-1 HC поскапува за 1,766 денари и килограм од овој енергенс ќе чини 27,402 денара за килограм.

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати за 6,92, односно за 4,58 отсто.




Nace Budjoni
Ghetaldus
Tv Plus
Zafir Sajto
Zafir Sajto
Level
Parking
Kvatro
NER
Srecni praznici
stuz
Bravo