Bucen Kozjak
23. 09. 2017 11:57

Грабнале средношколка, па ја оставиле на напуштено место

Грабнале средношколка, па ја оставиле на напуштено место

Две лица, со автомобил грабнале средношколка од пред училиштето, по што ја оставиле на напиштено место.

Грабнувањето се случило завчера околу 10 часот пред Средното училиште „Перо Наков“ во населбата Бедиње во Куманово.

На големиот одмор девојчето заедно со другарките излегле од дворот на училиштето односно пред касарната, каде што застанало патничко моторно возило, од кое излегол Р.З. со уште едно лице и со закана и употреба на сила, ја фатиле за раце и ја внеле на задното седиште од возилото. Непознатото лице го удрило девојчето во пределот на главата, по што таа паднала во безсознание, додека Р.З. го возел возилото. По некое време девојчето се освестило на напуштено место, додека Р.З. и непознатото лице со возилото биле заминати во непознат правец.

Случајот го пријавил во полиција вчера во 15 часот, жител на липковското село Лојане.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.