Euro Colleague
Bucen Kozjak
07. 09. 2017 23:32

Груевски во посета на Куманово

Груевски во посета на Куманово

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  Никола Груевски денeска беше во посета на Куманово.

Груевски во друштво на членовите на највисокото раководство од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ прошета низ центарот на Куманово, тргна од пред хотелот Криста, по Градскиот плоштад, кај т.н. Скопски  дуќани, по што седна во кафулето „Револушен-фудс“.

Откако го испи кафето со сопартијците во изјава за медиумите го критикуваше работењето на актуелната локална власт и најави дека е време за промени.

„Денес го посетив Куманово. Срдечно и топло добредојде од кумановчани, со кои продискутиравме за проблемите кои ги мачат, и нивните согледувања за иднината. Се пожалија на урбаниот и сообраќаен хаос, и редици други проблеми од реалниот живот. Ние ќе понудиме решенија на следните локални избори кои ќе значат решавање на проблемите на кумановчани затоа што заслужуваат подобро, напиша на ФБ Груевски, по посетата.

Тој предходно беше и на новата патарина Романовце.