Bucen Kozjak
01. 12. 2017 12:32

Хигиеничар нападнал директор на основно училиште

Хигиеничар нападнал директор на основно училиште

Поранешен хигиеничар во основно училиште натепал директор затоа што не сакал да го врати на работа.

Насилството се случило завчера, кога Е.Н. (48) од Куманово, го напднал Г.Р.(49) од Куманово директорот на основното училиште “Бајрам Шабани” во Куманово.

Напаѓачот бил вработен на работно место хигиеничар во ОУ “Бајрам Шабани” во Куманово до април 2017 година кога самиот дал отказ од работното место и потоа повторно сакал да се врати на работа, но директорот не бил во можност да го вработи.

Од тогаш започнал револтот на пријавениот кон директорот, по што на 29.11.2017 година, околу 11,00 часот, заедно со неговиот син дошле во училиштето, влегле во канцеларијата на Г.Р. и по кратка вербална расправија почнал да го удира со тупаници во предел на глава и тело при што му нанел телесни повреди.

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Е.Н. поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело насилство.