Bucen Kozjak
06. 09. 2017 15:42

Хуманирана помош за 50 сиромашни семејства во кумановско

Хуманирана помош за 50 сиромашни семејства во кумановско

Над 50 семејства кои живејат во исклучително тешки усови, добија помош од Црвен крст Куманово.

Хуманитарна помош која се состои во: прехрамбено-хигиенски пакети, кебиња, облека и обувки.

„Организиравме посета на 6 членото семејство Станишковски и на 5 членото семејство Ангеловски и двете од населбата “Вера Которка”, кои живеат во субстандардни услови под прагот на сиромаштијата, како и 7 членото семејство Величковски по потекло од с.Коњу преселено во населбата “Перо Чичо”, кое исто така живее во многу тешки услови, - соопштуваат од Црвен крст.  

Во изминативе две недели хуманитарна помош е поделена и на 50 семејства од населбата Средорек.

Од Општинската организација велат дека акцијата ќе продолжи и во наредниот период, а ќе бидат опфатени најраливите категории на семејства од Куманово, Старо Нагоричане и Липково.