Euro Colleague
Bucen Kozjak
25. 12. 2009 12:37

Католиците денеска го слават Божиќ

Католиците денеска го слават Божиќ

По тој повод насекаде низ светот  се одржуваат полноќни миси во слава на Спасителот, а традиционално главната церемонија се одржува во Рим каде богослужеше Папата Бенедикт XVI.

Католички Божик се слави и во Македонија. По повод големиот празник честитка до верниците од католичка вероисповед упати бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов:

Живееме во општество во кое животот е едно од најголемите богатства, претпоставка и темел на сите други вредности. Светата божикна ноќ, божикниот ден и божикното време е милосен дар на средбата со живиот Бог во малото дете. Неизмерната Божја љубов и неискажливата Божја доброта, остварени со воплотението на Божјиот Син, за сите нас се непресушлив извор во делотворната Божја љубов, доброта, радост и мир- се вели во божиќната честитка.