Euro Colleague
Bucen Kozjak
09. 08. 2017 14:56

Концесионерите на Кумановска бања ќе одговараат кривично- не го обезбедиле базенот во кој се удави девојче

Концесионерите на Кумановска бања ќе одговараат кривично- не го обезбедиле базенот во кој се удави девојче

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.Т.(47) и З.А.(37) од Куманово, двајцата управители на Друштво за производство, градежништво, трговија и услуги ПРЕМИУМ МИНЕРАЛИ Куманово, за сторено кривично дело предизвикување општа опасност во врска со кривично дело тешки дела против општата сигурност, додека правното лице е пријавено за предизвикување општа опасност.

Пријавените на 24.11.2012 година со Министерство за финансии, склучиле Договор за концесија за експлоатација на минерална суровина- термоминерална  вода на локалитет с.Проевце-Општина Куманово, со што постапиле спротивно на член 6 од претходно наведениот договор-односно не превзеле никакви мерки за обезбедување на објектот, заради што на 31.јули минатата година во базенот се удавило четиринаесетгодишно девојче од Куманово.

 Несреќата се случила околу 15.30 часот, кога Ванеса Џ. од населбата Стари лозја заминала со своите другарки да се капе во базенот со минерална вода. Кога скокнала во водата почнала да се дави. Другарките успејале да ја извадат од базенот и ја изнесат надвор, но успејале да и помогнат. Несреќното дете починало додека дошло возилото на Итна помош.