18. 12. 2017 14:21

Кривична за соседот што со бензин го запали влезот и колата на соседот

Кривична за соседот што со бензин го запали влезот и колата на соседот

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против П.Ј. (61) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело предизвикување општа опасност.

 На 10. октомври годинава околу 21.00 часот на ул. „Ѓорче Петров“,  откако П.Ј. претходно земал два литри бензин, отишол во куќата на неговиот сосед  Т.К. со кого претходно имал физичка пресметка, по што со бензин ги испрскал влезните врати од куќата и ги запалил,а потоа го испрскал и возилото „Југо“ во пределот на хаубата и го запалил.


stuz
Hristijan Karpos
Garden Cvecara
NER
Parking
Joco Turs
Staro Nagoricane