Bucen Kozjak
18. 04. 2017 16:46

Кривични пријави за насилство, истепале малолетник во ноќен клуб

Кривични пријави за насилство, истепале малолетник во ноќен клуб

 Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.Б.(18), А.Ж.(19) и М.К. (18), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.

На 28. јануари годинава, околу 01. часот по полноќ, во ноќен клуб, пријавените, без повод и причина, физички нападнале 16-годишник, удирајќи  го со клоци и тупаници и со стаклена шише во пределот на главата и телото. Притоа, малолетникот се здобил со повреди по главата и телото, кој бил однесен во Општа болница во Куманово. Откако му биле констатирани повреди и му била укажана лекарска помош, истиот бил пуштен на домашно лекување.