Bucen Kozjak
10. 09. 2017 13:27

КУД „Панче Пешев“ прима нови членови

КУД „Панче Пешев“ прима нови членови

 Културно-уметничкото друштво “Панче Пешев“ од Куманово започна со редовните годишни уписи на нови членови.

Во тек се уписите за: фолклорна – играорна секција, народен оркестар – хармонија, кларинет, виолина, флејта, саксофон, изворен оркестар – гајда, кавал, тамбура, гусла, зурла, тапан и вокални солисти.

Уписите започнаа од денеска а ќе трајат до крајот на септември. Заинтересираните може да се пријват во просториите на друштвото на ул.„Кирил и Методиј“ бб ( гимназиски двор) секој работен ден од 18 до 20 часот.

 Аудицијата ќе се одржи на 2 октомври (понеделник) со почеток во 19 часот. Информации околу уписите може да се добијат и на тел 078/258-032.