Euro Colleague
Bucen Kozjak
12. 10. 2017 14:51

Кумановци претапале сограѓанин со тупаници и електро шокови

Кумановци претапале сограѓанин со тупаници и електро шокови

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Б.С.(46), Р.С.(44) и Н.С.(22), сите од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.

На 21. август годинава,  45 минути по полноќ, пред кафе-бар на улица „Октомвриска Револуција“, по претходна вербална расправија пријавените, со тупаници и електро - шокови по телото и главата, физички го нападнале А.А.(41) од с.Љубодраг при што му нанеле повреди на лицето и главата.