Bucen Kozjak
12. 09. 2017 12:54

Кумановец претепан со метална шипка

Кумановец претепан со метална шипка

Три маскирани лица со металнa шипкa претепале момче во близина на Кумановската гимназија.

Нападот се случил ноќеска во 1.35 часот, на улицата „Перо Чичо„ во близина на Кумановската гимназија. Б.С.(23) од Куманово, при влегување во своето возило бил физички нападнат од неколку непознати лица со фантомки на главите, кои со метална шипка го скршиле задното ветробранско стакло од возилото. Потоа го напднале Б.С. и му нанеле тешки телесни повреди–скршеница на лакт на рака и повреди во пределот на главата и ногата.

Момчето било пренесено во Опшатата болница Куманово, каде му е пружена медицинска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово и се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.