Euro Colleague
Bucen Kozjak
25. 12. 2009 16:34

Куманово го доби новиот буџет

Куманово го доби новиот буџет

Општинскиот буџет за 2010 година изнесува 1,336,934,000 денали или близу 22 милиони евра. Предлог-буџетот едногласно, без расправа беше прифатен од советниците на вчерашната седница.

Најголем дел од сретствата ќе се обезбедат од даночните приходи, дотации од министерствата, капиталните приходи, трансфери и донации. Трошоците се поделени на капитални, развојни и тековно-оперативни.Најмногу од Буџетот, дури 63 насто ќе се потрошат за капитални инвестиции, а 27 насто на тековните трошоци - вели Ирена Илиевска,помошник раководител од Секторот за финансии.

 Капиталните инвестиции што се предвидени да се реализираат во 2010 година се јавното осветлување, реконструкција на улици и патишта, довршување на гасификационата мрежа,реализација на проектот за изградба на подземна катна гаража,изградба на водоводна мрежа, фекална канализација и речното корито. Дел од средствата ќе се искористат и за доградба на градската библиотека,реконструкција на караулата за детското одмаралиште во селото Длабочица, изградба на дел од училиштето „Толи Зордумис“ и спортската сала во средното училиште „Перо Наков“.

Буџетот предвидува и пари за невладините организации и стипендии за ученици и награди што ги доделува градоначалникот. Годинешниот буџет е повисок за 10% во однос на минатогодишниот.