Euro Colleague
Bucen Kozjak
07. 09. 2017 14:18

Кумановската болница доби санитетско возило од јапонска агенција

Кумановската болница доби санитетско возило од јапонска агенција

Општата болница Куманово доби санитетско возило донација од Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA).

Помошта ја врачи претставник од организацијата, а во името на граѓаните на Куманово се заблагодари директорката Снежана Захариева, која се надева дека соработката ќе продолжи и во наредниот период.

„И досега сме добивале помош и медицинска опрема од оваа организација, а сега и возило што е голема помош за нас. Се надевам дека во најскоро истото ќе ги помине сите правни процедури и ќе биде ставено на располагање на граѓаните. Станува збор за возило кое е по сите светски стандарди, со фул опрема за реанимација, за пружање секаква медицинска помош во тек на транспортот. Со оглед на тоа што ние сме голема болница, згрижуваме над 200.000 пациенти од целиот североисточен регион, потребни ни се уште вакви возила“, - изјави Захариева.

Помошта е резултат на мигрантската криза во регионот.

“Низ Куманово поминаа многу мигранти, сметаме дека треба да се подржи земјата во напорите да се справи со кризата. Болницата покрива голем регион и денеска видовме дека има многу пациенти и се надеваме дека ќе им биде од корист“, -изјави Такиши Хибино, претсавник од јапонската агенција.

Јапонската агенција за меѓународна соработка ќе продолжи со подршка на Македонија и во наредниот период.

Кумановската болница доби санитетско возило од јапонска агенција