Euro Colleague
Bucen Kozjak
08. 09. 2017 16:43

Кумановски акцијаши чистеа парк по повод Денот на независноста

Кумановски акцијаши чистеа парк по повод Денот на независноста

По повод 8 Септември- Денот на независноста на Република Македонија, Кумановски акцијаши организираа еколошка акција во градскиот парк, кај Автобуската станица.

 „Во акцијата учествуваа волонтери од Кумановски акцијаши, Национален ромски центар и Извиднички одред Скаут, кои со здружени сили го одбележија Денот на независноста на Република Македонија. Активност со која практично почна и финалниот месец од проектот Зелено Куманово, подржан од Цивика мобилтас-Швајцарска агенција за развој и соработка“, - соопшти организаторот.

Големата еколошка акцијата „Зелено Куманово“ ја организира Здружението за доброволна волонтерска работа „Кумановски акцијаши“, со финансиска подршка од 160.000 денари од Цивика Мобилитас, а во соработка со Општина Куманово и ЈП „Чистота и зеленило“.

Акцијата започна во јуни на Градскиот кеј, а продолжи на останатите локации до 30 септември.

Проектот предвидува сечење и отстранување на зараснатите дрвја и грмушки во коритата и крајбрежјето на реките со механизација, чистење и изнесување на сметот од вливот во населбата Бедиње до излезот кај Кумановска бања. Во рамки на проектот е предвидена и обнова на клупите во Стариот градски парк кај Автобуската станица и на Градскиот кеј.