10. 04. 2018 09:59

Кумановски гимназијалци финалисти на меѓународен литературен натпревар

Кумановски гимназијалци финалисти на меѓународен литературен натпревар

 Ученици во Гимназијата „Гоце Делчев“ влегоа во финалето на XI меѓународен литературен натпревар, што се оддржа во Санкт-Петербург, Русија.

Во конкуренција на 427 учесници од целиот свет кумановските средношколци Ангел Ангеловски, Јована Јовановска и Кристина Величковиќ, предводени од нивниот наставник Биљана Коцевска успешно го поминаа првиот круг од овој престижен натпревар.

Во финалето, кое ќе се оддржи кон крајот на овој месец им се придружија и учениците Андријана Петровска и Мартина Радевска од средните училишта од Штип.

                                     (С.Т.)

stuz
Hristijan Karpos
Garden Cvecara
NER
Parking
Joco Turs
Staro Nagoricane