Bucen Kozjak
15. 02. 2010 10:41

Лани 7 загинати во сообраќајки

Лани 7 загинати во сообраќајки

 Во Куманово е намален бројот на сообраќајните незгоди во однос на предходната година, но и покрај тоа е трет град во државата, каде седум лица го загубиле животот  по кумановските патишта.

Во 2009 година во кумановско се случиле 280 незгоди во кои седум лица загинале и 416 се здобиле со повреди. Вкупната материјална штета се проценува на 8.050.186 денари.

Во споредба со мината година сообраќајките се намалени. Во 2008 година се регистрирани 375 несреќи, 559 лица биле повредени, а загинале 7 граѓани.

Кратово имало 17 сообраќајки, едно лице го изгубило животот, а 22 се повредени. Матерјалната штета изнесува 50 илјади денари. Во Крива Паланка биле предизвикани 37 сообраќајни несреќи, две лица им подлегнале на повредите, 50 се повредени и направена е штета од 1.059.196 денари. На територијата што ја покрива СВР Куманово, во трите општини имало вкупно 334 незгоди, 10 починати, 488 повредени и матерјална штета од 9.159.382 денари. Пред Куманово по бројот на регистрираните сообраќајни незгоди се само Скопје и Тетово. Вкупно во државата, минатата година се случиле 4.357 сообраќајни незгоди со потешки последици, што претставува намалување за 1,2% во споредба со истиот период од 2008 година кога имало 4.408. Полицијата против сторителите на сообраќајни прекршоци во текот на 2009 година презела вкупно 351.568 превентивно репресивни мерки, што е за 5,1 % повеќе одколку во 2008 година.