Bucen Kozjak
10. 10. 2017 19:25

Локализиран пожарот во старата општинска зграда

Локализиран пожарот во старата општинска зграда

Локализиран е пожарот во старата општинска зграда, потврдија од Противпожарната единица Куманово.

Според командирот Деан Илиевски, пожарот е ставен под контрола пред 19 часот и огнот не се шири, а пожарникарите ги гаснат веќе зафатените површини.

„Изгоре дел од кровот и една канцеларија. Причините за пожарот и матерјалната штета допрва ќе се утврдува“, - додава Илиевски.

Пожарот избувна околу 18 часот, откако се запалилa скара во кујната, а потоа и оџакот на еден од рестораните. Во паника од она што се случуваше вработените ги изнесуваа надвор плинските боци.

Додека се чекаше да се исклучи електричната енергија и се гаснеше кујната, пожарот ја зафати кровната конструкција. Црн густ чад го обвитка Куманово, поради што се собраа голем број на граѓани.

Во старата зграда се сместени дел од службите на општина Куманово, како и одделението за Катастар и недвижност, а во приземјето се угостителски објекти и дуќани.

Старата зграда во т.н. Касапски круг е дена од најстарите и најубавите згради во центарот на Куманово.

Локализиран пожарот во старата општинска зграда