Bucen Kozjak
11. 09. 2017 09:19

Mаксим Димитриевски кандидат на СДСМ за градоначалник на Куманово

Mаксим Димитриевски кандидат на СДСМ за градоначалник на Куманово

 Пратеникот Максим Димитриевски ќе биде кандидат на СДСМ за градоначалник на Куманово на престојните локални избори.

Централното партиско раководство одлуката ја донело синоќа, а беше соопштена денеска.

Димитриевски е избран меѓу 6 кандидати, бидејќи имал најдобар рејтинг меѓу граѓаните,  а најсериозни противници му беа актуелниот градоначалник Зоран Дамјановски и претседателот на Советот Александар Арсиќ.

Димитриевски по професија е правник, а води сопствен бизнис. Во политиката е долги години, неколку мандати беше советник, координатот на советничката група на СДСМ и претседател на Советот на општина Куманово.

Избран е за пратеник на последните избори, а беше еден од тепаните и повредени пратеници за време на крвавите настани во парламентот.

Негов противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ на изборите ќе биде пратеникот и доктор Зоран Ѓорѓиевски.