Bucen Kozjak
08. 08. 2017 15:03

Марјан Спасовски нов директор на затворот Кшање

Марјан Спасовски нов директор на затворот Кшање

Марјан Спасовски-Ефто е нов директор на Казнено-поправната установа - затвор Куманово.

Неофицијално, Спасовски е наименуван на функцијата на владина седница во петок.

 Доаѓа на местото на досегашната директорка Соња Цветковска од ВМРО-ДПМНЕ, која два мандати раководи со установата.

Спасовски е дипломиран правник и досега работеше како заменик директор во ЈП „Пазариште“, член е на надзорниот одбор на СДСМ и беше во игра за неколку раководни функции на централно ниво.

 Во состав на КПУ Куманово се  затворот од полуотворен тип во село Кшање и отвореното одделение во Крива Паланка.