Bucen Kozjak
09. 01. 2017 16:26

Мигранти од Лојане сместени на Табановце- еден повреден

Мигранти од Лојане сместени на Табановце- еден повреден

 Утринава група од 12 мигранти, кои нелегално престојувале во липковското село Лојане, привремено се сместени во прифатниот центар Табановце.

Во групата се наоѓало и 16 годишно малолетно лице во придружба на негов роднина-брат И.Б.Р.(34) двајцата од Иран. Со малолетното лице бил извршен разговор од страна на социјален работник во центарот при што било констатирано дека малолетното лице имало телесна повреда (на левата страна на грбот) нанесена од остар предмет, по што му била укажана лекарска помош од страна на лекар од Црвен Крст во центарот. Преземени биле и мерки за понатамошна медицинска нега. Се работи на целосно расчистување на случајот.




Nace Budjoni
Ghetaldus
Tv Plus
Zafir Sajto
Zafir Sajto
Level
Parking
Kvatro
NER
Srecni praznici
stuz
Bravo