Euro Colleague
Bucen Kozjak
12. 10. 2017 14:27

Милорад Додик во посета на Старо Нагоричане

Милорад Додик во посета на Старо Нагоричане

Претседателот на Република Српска Милорад Додик, утре ќе престојува во еднодневна официјална посета на Општина Старо Нагоричане.

Додик доаѓа на повик на Демократската партија на Србите во Македонија, со цел да се запознае со развојните можности на општината  Старо Нагоричане и проблемите со кои се соочуваат.

„Ние ќе ја искористеиме оваа посета да побараме од институциите на Република Српска да ја помогнат општина Старо Нагоричане на адекватен начин за реализација на одредени проекти, кои ќе значат подобрување на условите за живот во општината, но и за општина Куманово и во оние средини каде што мнозинство е српското население. Ги повикувам сите припадници на нашата партија, симпатизери, членовите на нашата коалиција да дојдат утре во Старо Нагоричане во 14 часот, домаќински да го пречекаме високиот гостин„, - изјави лидерот на ДПСМ Иван Стоиљковиќ.

ДПСМ утре ќе одржи предизборен митинг за локалните избори во Старо Нагоричане. Додик ќе се обрати на плоштадот во Старо Нагоричане, а потоа ќе ја посети црквата „Свети Ѓорѓи“.

Милорад Додик во посета на Старо Нагоричане