Euro Colleague
Bucen Kozjak
12. 10. 2017 15:34

Мургашанска: Имаме концепт, план и визија за живот за сите во Куманово

Мургашанска: Имаме концепт, план и визија за живот за сите во Куманово

Носителката на листата за советници од коалицијата на СДСМ Атина Мургашанска, денеска ги повика граѓаните да излезат на локалните избори во недела на 15 октомври и дадат масовна подршка на програмата „ За живот во Куманово“.

Таа вети дека ќе бидат транспарентна и одговорна власт, креатори на одговорни политики, достапни во секој момент за идеите на граѓаните заради подеднаков развој на општината, од урбаните и руралните средини.

„За нас како коалиција „За живот во општина Куманово“ предводена од СДСМ секој глас е важен. Затоа што секој граѓанин е важен, граѓанинот е во фокусот на нашето внимание, а потребите на граѓаните ќе бидат наш врвен приоритет. Затоа и во оваа прилика ве повикуваме да ја дадете довербата за нас во наредниот 4 годишен мандат да ја преземеме одговорноста и од Куманово да создадеме модерен европски град.Ве повикуваме да го заокружите бројот 19, затоа што имаме концепт, план и визија за живот за сите во Куманово. Планираме инфраструктура за сите. Ќе градиме квалитетно, домаќински и одговорно. Ќе има можности за сите, за создавање на повеќе пари во општината, а со тоа и повеќе пари до граѓаните“, - изјави Мургашанска.

Таа ги повика кумановци да го заокружат бројот 19 за советничката листа на коалицијата на СДСМ и носителот Атина Мургашанска, за да остварат убедливо мнозинство во советот и за кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски да стане иден татко на градот.

„Се гледаме на 15 октомври, ве повикуваме на демократско однесување, на мирен изборен ден, кој ќе заврши со убедлива победа на најдобриот“, - изјави Мургашанска.