Bucen Kozjak
16. 06. 2017 15:47

Нападнати тинејџери во училишен двор

Нападнати тинејџери во училишен двор

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.С.(28) и К.З.(24), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.

На 26. мај годинава во 13.00 часот, додека оштетените Д.А.(18) и еден 17-годишник оделе пеш во дворот на СОУ “Наце Буѓони“ во Куманово, пријавените без повод и причина физички ги нападнале удирајќи ги со тупаници и железен предмет во пределот на телото, при што им нанеле видливи телесни повреди.