Euro Colleague
Bucen Kozjak
10. 01. 2017 10:30

Нови врнежи од снег во целата држава

Нови врнежи од снег во целата држава

 Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од снег на коловозите

Снег со слаб интензитет паѓа низ цела Македонија.  Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи од Македонијапат. Поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица.

Забранa за движење на тешки товарни возила е воведена на планинските премини Стража, Плетвар, Ѓавато и Пресека, како и на патниот правец Маврово – Дебар.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Д. Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.