Bucen Kozjak
13. 10. 2017 13:01

НСДП ги повика граѓаните да гласаат за број 19

НСДП ги повика граѓаните да гласаат за број 19

Благојче Јакимовиќ од НСДП, кандидат за советник на листата на СДСМ, ги повика граѓаните на Куманово масовно да излезат на локалните избори во недела и да гласаат за број 19, за носителот на советничката листа Атина Мургашанска и кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски.

„Во оваа кампања можевте да слушнете програми, планови и идеи на многу политички опции. Но она што вистински не одвојува од другите политички опции е вербата во вас дека на 15 октомври ќе ни ја дадете вашата доверба и ќе изберете живот за сите нас. Верувајте во нас и имајте доверба во нашата програма, кој со ваша помош може вистински да донесе подобар живот за сите. Кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски и тимот од 33 кандидати за советници предводени од Атина Мургашанска во текот на овие денови покажаа, но и докажаа дека одлучноста и истрајноста во желбата за подобар живот за сите е единствено нешто во кое треба сите да веруваме. Затоа ве повикувам масовно да излеземе на 15 октомври, заедно да го дадеме нашиот глас за број 19, за носителот на советничката листа Атина Мургашанска и за идниот татко на градот Максим Димитриевски, за опција која носи живот за Куманово, живот за сите нас, - изјави Јакимовиќ.